За пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова aктуелните случувања во Македонија се забрзан пат кон дното на оваа власт. Зборувајќи за протестот одржан во неделата, кој беше поддржан и од нејзината партија, Панова најави „Македонска пролет“.

Оној кој владее со сила, ќе падне од надеж, а во неделата токму тоа го видоа од власта и СДСМ, истакна Панова.

Таа истакна дека во минатото Македонија беше земја која беше економски лидер на Балканот, која имаше инвестиции, реформи и дигитализација на сите полиња, имаше фискални реформи, градба на автопати, патишта, училишта и градинки. Другите држави преземаа модели од Македонија.

Сега наеднаш ние сме Македонија која е на 111-то место по корупција, прогласена за хибриден режим, истакна таа. Секојдневно стигаат нови извештаи како оној на ГРЕКО, на Стејт Департментот, во кои укажуваат на катастрофално работење на Владата. Сведочиме на скандали како „Мафија“, се злоупотребува службена положба во МВР, се вадат лажни пасоши и лични карти, работат со марихуана, рече пратеничката.

Станавме лидер во работи на коишто никој не сака да стане лидер, вели таа.

Таа додаде дека од СДСМ ја прелија чашата со сето ова што се случува. Народот почна да се охрабрува и излезе на улица, a ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе има одредени активности и ќе се случува македонска пролет. Народот благовремено ќе биде известен за истото од раководството.

Навистина, ќе се случува Македонска пролет, посочи пратеничката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.