Република Македонија нема амбасадор во НАТО, најважната меѓународна безбедносна организација и тоа многу лошо го толкуваат нашите партнери. Власта на СДСМ и Заев не се доволно заинтересирани за членство во меѓународните организации – рече во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија, Васко Наумовски, поранешен потпретседател на Владата за евроинтеграции и амбасадор на Република Македонија во САД.

Незаинтересираноста на власта за поактивно учество во меѓународните организации, може негативно да се одрази врз нашите меѓународни аспирации.

Немаме амбасадори ни во НАТО, ниту во Вашингтон, а и во други светски важни центри. Тоа е еден несериозен пристап од една држава која аспирира кон НАТО и ЕУ. Овој наш пристап не наидува на одобрување, напротив покажува една лоша слика на нашата држава и на нашата дипломатија во Европа и светот – истакна Наумовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.