Сум бил мета на разни напади, лични напади, но никогаш не сум се осудил да тужам новинар или медиум – вели поранешниот вицепремиер за европски прашања, Васко Наумовски коментирајќи ја днешната пресуда против новинарот Александар Митовски со која тој е осуден на условна казна од 6 месеци,

Тој вели дека и во минатото имало ситуации кои биле непосакувани, но од таквите ситуации треб да се извлечат поуки и лекции како држава, како општество, без разлика која политичка партија е на власт. Грешките од минатото, коментира Наумовски, без разлика дали се во медиумите или во други области, не треба да се повторуваат.

-Трагично е што сега имаме состојба во која што актуелната влада се претвори во се она против кое се бореше во минатото. Ги гледаме извештаите, колку само новинари се тужени, медиуми се под напад, колку медиумите се навистина слободни, колку сопственици на медиуми се под закана од обвинителско-судски прогон. Можеме да зборуваме извештајот е позитивен, вака-така, но не можете да ја покриете реалноста дека новинарите не се чувствуваат слободни да пишуваат и да ја критикуваат владата. Колку критички прашања се упатени на владини прес-конференции во изминатите двеипол години и колк тоа било случај претходно? Ние имаме ситуации кога самите новинари се плашат дапостават критички прашања поради тоа што после може да трпат некои последици. Новинарот Митовски доби условна затворска казна о 6 месеци. Според мене целта е да се заплаши и тој лично, меѓутоа да биде лекција и за другите коишто мислат да објават нешто што ќе биде на штета на Владата. За какви европски станарди ние зборуваме? За каква ЕУ, каков датум, какви преговори?! Слободата на медиуми е клучнот момент на исполнување на критериумите за секоја држава која е кандидат – нагласи Наумовски, посочувајќи дека кога се влегува во политика треба да се биде подготвен да се трпат критиките.

Наумовски вели дека не сесеќава кога сме имале Влада како оваа што воопшто не е толерантна за критиките.

-Не се трпи никаква критика, веднаш се преминува на санкција – вели тој нагласувајќи дека тоа не е вистинскиот пат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.