Во Скопје денеска треба да пристигнат 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19.

Донацијата од Доверителниот фонд на НАТО, во вредност од 1,4 милиони евра ќе ја примат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопшти Министерството за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.