Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) бара итно да им биде исплатена платата за март на вработените во основното и средното обрзование.
Целата јавност е запознаена дека училиштата во кои сме вработени се затворени, со цел заштита на здравјето и безбедноста. Иако училиштата не работат, ние и нашите ученици работиме. Работиме од дома, со свои ресурси за работа, во крајно невообичаени и отежнати околности, се снајдуваме како најдобро умееме и знаеме, а сè со цел да овозможиме нашите ученици да го поминат предвидениот наставен материјал и успешно да ја завршат учебната година.
Меѓутоа, и покрај вонредните напори кои ги вложуваме, и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 10 идниот месец, иако во очи на големи верски празници (според христијанскиот и според исламскиот верски календар) на вработените во образование сè уште не им е исплатена плата за март.
Независниот синдикат за образование и наука, НСОН, бара платите на вработените во основно и средно образование да бидат итно исплатени!, а наставниците да бидат поштедени од натамошни стресови и понижувања во овој, и без тоа чувствителен период!, се вели во соопштението од НСОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.