Наставничкиот пленум, со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, соопшти дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и во средното образование и дека планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година ако тоа не биде обезбедено.
Незадоволни од висината на основната плата на наставниците, тие од Царовска бараат максимално да се заложи во Владата и да им излезат во пресрет на сите вработени во образованието со тоа што ќе биде обезбедено покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година.
На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот, како и на растот на просечната плата која е многу повисока од платите на вработените во образование. Во спротивно, ние наставниците од Наставнички пленум би биле приморани да се организираме и да го покажеме јавно незадоволството – наведува Пленумот во барањето до Царовска.
Двата синдиката – СОНК (Синдикат за образование, наука и култура) и НСОН (Независен синдикат за образование и наука), Наставничкиот пленум ги известува дека загрижени поради лошата финансиска положба на вработените во основното и средното образование, планираат бојкот на наставата на почетокот на учебната 2021/2022, доколку МОН и Владата на изнајдат решение и ги зголемат платите.
Бараме од синдикатите да го подржат бојкотот на наставата кој го планираме од септември 2021. Сметаме дека синдикатите имаат најголема одговорност да ги штитат и унапредуваат правата на вработените и по тој повод очекуваме да нè поддржите во нашите барања и заложби – наведуваат од Наставничкиот пленум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.