Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината затоа што пет деца од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија се од училиштето.

Од училиштето изразија длабоко жалење за трагедијата.

„Трогнати од трагичниот настан во Бугарија каде го загубија животот пет ученици од нашето училиште, директорката, учениците и сите вработени во училиштето „Исмаил Ќемали”, ожалостени и до длабока болка сочувствуваме со семејствата опфатени во оваа трагедија“, известија од училиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.