Единствената национална платформа на која ќе се одвива образовниот онлајн процес ќе биде промовирана наскоро, најави министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа истакна дека институцијата со која раководи интензивно работи и на воведување комбиниран модел согласно кој училиштата ќе можат брзо да се прилагодуваат и за онлајн настава, но и настава со физичко присуство.

Она на што веќе го работам изминатите десеттина дена како итно и неодложно е воведување е воведување комбиниран модел за настава што дава можност за брзо прилагодување на училиштата за настава со физичко присуство и/или онлајн настава, како и за започнување на учебната година на 1 октомври. Ппандемијата со КОВИД-19 покажа колку е важно образовниот процес и систем да се менува и приспособува и осовременува постојано и токму тоа го правиме денес. Наскоро пред јавноста ќе биде промовирана единствената национална платформа за онлајн учење, рече Царовска на денешната прес-конференција.

Таа истакна дека во земјава првпат ќе има ваква платформа која, како што потенцира, ќе биде едноствна за користење со двонасочна комуникација и направена на основа на добри практики.

Таа ќе биде лесна за користење и за наставниците, учлениците и родителите, но и од страна на образовните институции. Ќе се користи и во врене на ковид и но секако ќе биде важно да се појавува како поддршка на учењето во училница понатаму и надвор од неа, истакна министерката за образование и наука.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.