Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како државотворна, одговорна партија, која е вградена во секој успех на државата и на граѓаните и придонесува за изградбата на нашата земја во современа, модерна европска држава, денеска одбележува 30 години од формирањето.

По повод јубилејот на онлајн настан се обратија претседателот на партијата Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шеќеринска и генералниот секретар Љупчо Николовски.

– Меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската армија, Охридскиот рамковен договор, поголемиот степен на децентрализација со територијалната поделба, градењето модерно демократско општество, па се до кандидатскиот статус за ЕУ, Договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавање едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ се трајните државотворни печати на СДСМ.

Тој нагласи дека народот е среќен што токму СДСМ ги водеше овие историски државнички процеси кои резултираа денес да имаме модерна, независна и меѓународно признаена држава која е партнер и сојузник со демократскиот свет.

– Со храброст и визија ја презедовме одговорноста да ја водиме новата Влада и веднаш покажавме огромна разлика. Ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, се посветивме на мерки и политики кои донесоа економски раст, повисоки плати и пензии и повисок животен стандард. Во остварувањето на овие цели не водеше фактот дека СДСМ произлезе од народот и му остана верна на народот, заклучи претседателот Заев.

Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на…

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, 21 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.