Признавам дека не сум си ја познавала Македонија како што требало… Признавам дека не сум го познавала народот непосредно како што вие политичарите сте имале можност да го видите, но признавам и дека невидена енергија добивам од вас, затоа што и вие и јас веруваме во она што е најголема европска вредност, во владеењето на правото, во правото и правдата, го започна говорот во Ѓорче Петров, една од најпатриотските општини во Македонија, кандидатката за претседател на Реублика Македонија Гордана Силјановска-Давкова.

Таа повтори дека денеска во светот секаде се повикува на малку идеализам во пресилниот реализам, зашто со моралот, правото и правдата само може да се обезбеди мир.

Сите народи се бореле за правдини и македонскиот народ се борел, ама судбина ни било да ја докажуваме“, рече Силјановска Давкова во получасовниот говор.

Колку биле нашите родители напред пред времето се гледа од химната. Во химната најповторуваниот збор, заложба, цел, се правдините. Сите народи се бореле за правдини. И македонскиот народ се борел за правдини. Ама судбина ни била нам да докажуваме дека имаме право на правдина. За да не се сетиме на тоа, престанаа дури и химаната да ја интонираат. Може ли химна напишана во закон што се донесува со двотретинско мнозинство како и Уставот да се заборави? Не може. Нашата химна има зборови, тие збориви се нашата историја, нашата иднина и нашата сегашност. Ниту еден политичар не смее да го крши законот за химната. Химната е еден од најважните и најмоќните симболи порај знамето и грбот, таа е уставна категорија. Не знам што да кажам. Тоа не е право на некој политичар. Тој е должен она што го пишува во Уставот, да го почитува, а не молкум, со страв, за да не се замери со пријателот од Грција, да се откаже од она од што неговиот колега никогаш не би се откажал. Можеме да им завидуваме на Грците за патриотизмот“, истакна таа пред присутните и се повика на цитати од Бернард Шо.

Силјановска не го заборави и македонскиот патриотизам.

Честопати велам, како што рекол еден познат драматург, Беранард Шо, имал обврска да се бори за Ирска, за Финска и за Македонија. Замислете, во 1879 година за Македонија. Речиси во исто време, еден од најпочитуваните државници, премиерот Глетстон, исто така вели: Зошто не е Македонија на Македонците?. И сега ние сме имале проблем со името. Па на кои Македонски мислеле Шо и Глетстон? Па на нас, на нашите предци, затоа што тие верувале дека секоја нација има право на место под сонцето и во самостојноста на Македонија гледале крај на балканските војни, гаранција за мир. Велеле дека малиот народ треба да си ја земе судбината за да докаже дека е рамноправен со останатите. Што стаана со рамноправноста од АСНОМ, од југлсовенската федерација? Дали кај другите јазици пишува од која група се? Не. Ние не бевме рамноправни од љубов, туку затоа што сите го почитиваа она што за себе го бараа – правото на самоопределување. Тоа е непотрошно право, рече Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.