И време е да се избориме и за поубав Охрид, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во Охрид го претстави кандидатот за градоначалник.

Митре Милошевски како врвен хирург го посвети својот живот работејќи со луѓе, помагајќи да ја остварат својата среќа и да го зачуваат своето здравје, сега е подготвен и да помага на Охрид и oхриѓани.  И јас знам дека тој ќе најде време и за да продолжи со својата професија како хирург, но и да го води градот. А Охрид заслужува многу повеќе од она што има сега. Охрид е нашиот бисер и не смее да биде валкан град, да има неасфалтирани улици, гломазна и нефункционална администрација, охриѓани да немаат квалитетна водоводна и канализационална мрежа. Нашата цел е убав град. А таа цел е заедничка со Митре. А Охрид повикува, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.