Насер Зибери кој беше кандидат за првиот премиер Албанец на ДУИ, а е избран за Народен правобранител вели дека политичките амбиции на Албанците не завршуваат со отворање на Униветрзитет на албански јазик, со избор на претседател на Собрание или со министер за надворешни работи.
„Ние треба да имаме и премиер Албанец. Тоа не е неостварливо. Не е важно дали ќе бидам јас или друг, но добра порака за соживот е да има во иднина премиер Албанец, и тоа ќе биде“, напомена Зибери во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Според него прашањето за албанец премиер и натаму не е затворено.
„Јас бев кандидат, утре може да биде некој друг“, рече Зибери.
Вели дека одлуката на ДУИ ќе биде кого да го номинира за премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада.
За тоа одлучува Али Ахмети, додава Зибери, потенцирајќи дека политичките амбциите на Албанците не завршуваат со отворање на Универзитет на албански јазик и избор на претседател на Собрание или Министер за надворешни работи
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.