Насер Зибери е кандидатот на ДУИ за премиер на Македонија. Потврда дојде и од партијата ДУИ на  својата конвенција која се одржува во Преспа.  Тоа официјално го потврди Али Ахмети од плажата во местото Крани.

Станува збор за политичар кој зад себе веќе има три пратенички мандати.

Неговата политичка кариера главно се поврзува со партијата ПДП, а во моментов работи како нотар. Зибери пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, односно за цело ова време работи како нотар.

Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Вранко Црвенковски.

Насер Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Зибери во минатото беше висок функционер на ППД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.