Фондот за здравствено осигурување повторно ги остави без пари корисниците на боледување и породилно отсуство. За време на празниците со празни џебови останаа и новите мајки и болните, зошто и денеска, 4 јануари, сè уште не се исплатени за месец ноември.

Ние што сме на боледување нас не ни е Нова година? Затоа боледување за 11 месец немате пуштено дури и на крајот на 12 месец или нешто немате пари? Ги дадовте на лица кои им се нај нај најпотребни? Гнаси едни, реагира корисник на болничко отсуство.

Бесни се и мајките на породилно отсуство, кои во групите за поддршка на социјалните мрежи удрија по ФЗОМ.

Криминалци, дужите ко Грчка, се вели во дел од коментарите.

Не е првпат граѓаните да бидат оставени без основните средства. Летово овие надоместоци, исто така, доцнеа, а на корисниците најмногу им пречи нивната неконзистентност.

Граѓаните се бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат. Ги убива, велат, не само доцнењето, туку и неконзистетноста на ислатите, кои некогаш се исплаќаат на средина, некогаш на крај на месец, некогаш, пак, ги нема и по два месеца, па не можат ни да планираат кога би го имале следниот прилив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.