Народот е на улиците низ цела Македонија да ја спречи распродажбата на идентитетот која ја подготвуваше сега веќе премиерот во заминување, Зоран Заев. Затоа Заев сега е очаен и нервозен бидејќи тој е осамен и изолиран политичар. Излегоа на виделина сите лаги на Заев исто како и криминалот и корупцијата на оваа власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив Заев на тезга го стави идентитетот, народот, историјата…

–Затоа Заев да ја спаси кариерата и да се спаси од одговорност во пазарџиски манир на тезга го стави идентитетот, јазикот, народот, историјата, па уште и го убедуваше народот дека е блиску до договор со Бугарија. Само очајни и корумпирани политичари може да речат дека е блиску до договор со некој кој ја оспорува придавката “македонски” , антифашистичките темели на државноста, јазикот и македонските херои. Народот спаси промена на придавката македонски, сега треба да ја спаси Македонија од Заев. Со Заев нема ниту ЕУ, а има рецесија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:

„Готово е. Народот, јавноста, експертите, опозицијата, па дури и членовите на СДСМ се кренаа против Заев. Тоа значи дека за сите неуспеси на Македонија мора да биде казнет главниот виновник, Зоран Заев. Оставка на Заев, слобода на народот“.

Расте нервозата во опозициската партија, лагите и дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно се демантираат од сите страни. Тоа го гледаат и во белиот дворец и затоа ВМРО-ДПМНЕ синоќа се сетија дека претседателот Заев не ги продавал националните интереси. Се што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им нудат на граѓаните се дезинформации и лаги кои се разбиваат пред фактите и официјалните податоци. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се повикуваат на народот, народот на изборите им го покажа патот, во опозиција, сами и изолирани во сопствениот очај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.