Штип се развиваше, Штип се градеше до пред 4 години, зошто го имаше Илчо Захариев. Но и како што тој самиот ми кажа на една од нашите чести средби, вели светот останува на младите, а јас ќе му помагам на Иван како мое дете. А јас пак Иван Јорданов го знам од мали нозе. Чесен и вреден, со искреен жар за помош и докажување. Штип го има најдоброто решение за ново поглавје, за промени и силни скокови напред. ВМРО ќе победи и во Штип, зошто Штип е ветерот на промените, предвесникот на најдобрите времиња кои доаѓаат – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за партискиот кандидат за градоначалник, Иван Јорданов.
Во Македонија, рече Мицкоски, сѐ почнувало од Штип, па така и промоцијата на кандидатите за градоначалници започнала токму од Иван Јорданов. Вели Иван за нови победи на наредните локални избори…за промени, за нова енергија, за нови дела, за сите луѓе на Штип и Македонија.
А каква е реалноста и сегашноста во пресрет на овие избори… Народот е длабоко разочаран од политичарите. Политиката се претвори во една нечовечка арена на бескрупулозна игра, на подмолни удари, местенки, процеси. На еден континуитет на патење, без резултати. На едно сеопшто валкање на секој и секого. На една мачнина кај луѓето кај кои, кога ќе се спомене политика чуствува бодежи во стомакот и гадење. Сакаат да ве направат аполитични, за да ве направат незаинтересирани за моментите кога се одлучува за вашата иднина, исполнети со една суптилна, но многу гласна порака и заклучок дека сите се исти. Тој впечаток дека сите сте исти е клучот за пеколот за да тие продолжат да владеат, и во исто време да ја крадат нашата иднина. Tоа се оние пораки до кои го принудуваат народот да си мисли “крадеа претходните, крадат и овие”. Епа не е нормално така! – рече Мицкоски нагласувајќи дека тоа е она што мора да се промени на овие локални избори.
Десет заповеди за ново поглавје од развојот на Македонија – Република (republika.mk)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.