Наредната недела, пред стартот на новата учебна година Министерството за образование и наука наредната недела ќе одржи координација со директорите на средните училиштата кои треба да ги обезбедат сите услови пропишани со планот и протоколите за безбедно одвивање на настава со физичко присуство.
Професорите сметаат дека протоколите на МОН се нејасни. На социланите мрежи прашуваат зошто никој не се грижи за нивното здравје.
-Како тоа родителите на децата да може да бираат онлајн настава за своите деца, ако тие или членови од нивното семејство имаат хронични заболувања, а наставниците со хронични болести може да се во директен контакт со децата, во вакви услови?, се само дел прашањата кои професорите ги објавуваат на социјалнте мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.