Аналитичарот Арсим Зеколи не се откажува од идејата за дебата помеѓу лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и Зоран Заев. Тој во последниот свој пост на Твитер порачува дека е време да се стави крај на парадирањето на како што вели „СДУИ шефови на државата на партиските портали“. Според него време е за ТВ дебати пред гласачите.

Ако сте озбилни и достојни за СДУИ шефови на државата, наредете се сите заедно пред камери на ТВ дебата пред гласачите. А не да ве парадираат како играчки по партиски портали. Вака како ја терате, ко невести во исчекување, ниеден од вас не заслужува доверба, пишува Зеколи на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.