Има ли нешто сомнително во набавката на респиратори во земјава?! Опозицијата обвинува, министерот за здравство, Венко Филипче, демантира. Она што најмногу фрла сомнеж се различните изјави што тој ги дава. Секој ден неговата приказна е различна, а доказите, за кои опозицијата тврди дека ги поседува, постојано го демантираат. Еднаш изјави дека биле нарачани, потоа дека ќе следи јавно наддавање на цената и на крај дека респираторите е одлучено да стигнат од Бразил, но дека се заглавени.

– Дозволете да кажам неколку зборови за респираторните машини како што кажав имаме само еден пациент на респираторна машина, нашата земја располага засега со вкупно 120. Светските искуства велат дека 5 проценти од заболените се на респираторна машина. Тоа значи дека на 1000 пациенти претпоставка е дека ќе има 50 пациенти кои ќе се на респираторна машина. Има прашање во врска со набавката и нашата најава, таа е во тек. Проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Со интензивна комуникација со Министертството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме таа бројка на машини да ја ослободиме. Многу земји во светот го запреа извозот на респираторни машини чувјаќи ги за своите пациенти. Искрено се надевам дека тоа ќе успееме да го направиме. Тоа беше и е единствениот кој може да ја достави бараната бројка на респираторни машини за многу краток период. Во исто време од денеска веќе имаме и друга добра информација, а тоа е дека и Кина веќе резервира 200 респираторни машини. Тоа го потврдија во текот на денешниот ден, треба да се формализираат актите, правните механизми како тие да стигнат до нашата земја. Сакам да кажам дека и во овој момент располагаме со доволен број респираторни машини, кажа Филипче вчера.

Министерот за здравство, според обвинувањата, не ја кажал вистината кога посочи дека Бразил е единствениот понудувач. И за овие негови тврдења пристигнаа деманти и докази.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на вчерашната прес-конференција излезе со тврдење дека постоеле вкупно четири понудувачи. Тој ги покажа понудувачите за кои тврди дека постојат.

-Филипче соопшти дека Бразил е фаворизиран и пред да биде донесена одлуката тој преговара со понудувачот кој објавуваме дека има неколку илјади долари повисока единечна цена за респиратори. Согласно нашите информации, од останатите три понудувачи, дури два имаат пониски цени од понудувачот од Бразил. Значи тој ја фаворизира бразилската понуда од 24.800 долари, а отфрла понуди од 7 илјади долари пониски или пак неколку илјади долари пониски. Не е точно дека е само една понуда. Еве го доказот. Вкупно 4 понуди за набавка на неопходните респиратори. Практично Венко Филипче денеска потврдува дека или изборот на понудувач е извршен пред време, а не беше во ниту еден момент јавно соопштено кога се извршил изборот, или ако не е донесена одлуката, тогаш имаме кривично дело фаворизирање на повисока понуда, односно скапа понуда. За да не дојде до забуни, јавно ги објавуваме цените на понудувачите и понудувачите на овој екран зад мене, можат да се видат само цените на истите за да граѓаните имаат јасна претстава, истакна тој.

Арсовски постави неколку прашања:

-Зошто министерот инсистира за набавка само по овој канал кога имаме понуда поевтина за 7 илјади долари од останатите, односно оваа понуда на Венко Филипче која што ја фаворизира од Бразил е поскапа за 7 илјади долари? Дали во ваква состојба има и сомнеж за профитерство? Сето тоа Владата треба јавно да го обелодени и да одговори на овие прашања. Ние денес објавуваме, народот нека носи заклучоци. Со детали ќе излеземе и ќе ги изнесеме во наредниот период, порача тој.

На оваа тема денеска говореше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој тврди дека пред 2 дена (19.03.2020 година) Филипче изјавил дека постапката за набавка на респиратори не е завршена и дека допрва следи процесот на аукција на намалување на цените … и дека не е точно дека нешто се држи во тајност или се користи некаква ситуација.

Понатаму Јанушев пишува:

Вчера (20.03.2020 година) истиот тој Филипче … или можеби Венко … вели дека проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Со интензивна комуникација на МНР и нашиот амбасадор во Бразил се обидувале таа бројка на машини да ја ослободат. Тоа е единствениот (добавувачот) кој што може да ја достави бараната бројка на респираторни машини за многу краток период.

Внимавајте, во помалку од 24 часа, Венко Филипче прво тврди дека набавката е во тек и се уште не е направена аукција, а веќе следниот ден дека веќе е одлучено од Бразил да стигнат респиратори!

И додека Венко Филипче е “изгубен во простор и време” за буквално се, освен за тендерите, еве – чисто за пример, што преземаат властите во Хрватска: арената “Загреб” се подготвува како секундарен центар за оние пациенти кои немаат тешка клиничка слика, односно за пациенти со средно тешка клиничка слика на кои не им е потребен кислород и други интензивни мерки на лекување, а во истовреме хрватската армија подигнува шатори и експедитивен камп пред болниците за сместување на заболени пациенти.

Приказната на оваа тема ја започна Инфомакс. Еве ги нивните сознанија:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.