До декември ќе имаме барем уште илјада мртви од ковид, вели Сашо Тасевски коментирајќи ја неспособноста на министерот за здравство и владата да обезбедат вакцини.

Лага до лага. Еве ја најновата. Нарачале 175 илјади вакцини од најкритикуваните, тие А-Занека, од кои 35 посто ќе стигнат во март. Останатите до јуни. Само 175 илјади вакцини со кои ќе се вакцинираат само 87.5 илјади луѓе и тоа до јуни. Како што тргнало, останатите два милиони луѓе ќе се вакцинираат во следните пет години.
И сето ова под услов да не е уште една лага дека првите дози ќе стигнат во март.
Ова се вика тотално фијаско на министерот со целиот здравствен систем. И никој не презеде одговорност за овој дебакл. Ниту пак власта побара одговорност од нејзиниот министер. Просто да не веруваш што се случува со оваа земја. Да не веруваш како можеме тој јавашлук мирно да го гледаме и да го трпиме.
До декември ќе имаме барем уште илјада мртви од ковид. Кланица, коментира тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.