Треба да констатираме дека напредокот од 11-от по ред состанок на заедничката мешовита комисија со Македонија е нула. Ова го рече копретседавачот на заедничката мешовита експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, проф. Ангел Димитров за време на онлајн-прес-конференција по 11-тиот состанок на комисијата.
Учењето на далечина поради пандемијата создаде сериозни проблеми во образованието, но работата на далечина на нашата комисија создаде сериозни проблеми во нашата работа за образованието, рече Димитров на прес-конференцијата.
Според него, нема ниту еден мал чекор напред во работата на комисијата.
Драги Ѓоргиев, копретседавачот со македонската комисија, потврди дека нема напредок во денешните преговори, а „кочницата“ била придавката „македонски“ и историската личност Цар Самоил.
„За жал, точно е дека нема преговори по денешната средба“, истакна Ѓоргиев, кој додаде дека проблемот е употребата на придавката „македонски“.
„Голем дел од средбата беше посветена на записниците од 9 и 10 средба и главен проблем е употребата на придавката ‘македонски‘. Потоа со толкувањата за Самоиловата држава, спротивставени се и гледањата за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади“, рече Ѓоргиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.