Иднината не е апстрактен поим, иднината сме сите ние, нашата верба. Јас зборувам за иднина која ќе донесе сигурност, во која секој ќе добие еднакви можности. Време е за нова страница, за нова борба, за нов патриотизам кој ќе не обедини. Леви и десни, од сите националнитсти и вери. Ви зборувам за држава која нема да се задоволува со ситни победи, туку со крупни успеси и големи чекори напред. Да ги надраснеме поделбите, да ги срушиме ѕидовите, повика од Античкиот театар во Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на првиот ден од кампањата за локалните избори.
Обраќајќи се кон Македонците, но и Албанците, Турците и другите заедници, Мицкоски рече дека ако делиме иста болка и страдања, тогаш и во битката сме заедно и борбата е заедничка.
Ама и победите ќе ни бидат заеднички. Ви зборувам за новиот патриотизам каде сите од сите краеви се обединуваме во нова заедничка цел, а тоа е напредокот, иднината и успехот. Зборувам за победи во кој земјава ќе ја однесат меѓу најдобрите во Европа. Не заборавајте оваа земја е вековна, поминала бури и искушенија, и победувала, и ќе победиме и овој пат. Македонија е Европа и нема алтернатива на тој пат. Македонија е победник, Македонија е успешна приказна затоа што ние друга опција и татковина немаме.
Државата ќе ни даде нам, кога и ние ќе направиме за државата, потенцира тој пред охриѓани и рече дека ја презема улогата да се бори во името на сите.
За ВМРО оваа битка е чест, и достоинство и во историјата било така. Најодлучните ги обединувало, најпаметните го сонувале она што го имаме денес, и треба да го развиеме. Овој пат тоа е бајракот на успехот, надежта и иднината. Тоа е твој бајрак. И сите кои сега ме слушаат и се двоумат или имаат задршка, знајте го носам и твојот бајрак, а под него има место за сите. И за тебе, и за твоите блиски зошто ова е и твоја битка. Зошто Македонија е наша и единствена, рече Мицкоски.
Мицкоски зборуваше за тоа како ја сфаќа победата, за повисоки плати, за повисок стандард, за среќата на нашите деца, за спасени животи и криминалци по затвори.
Еден ме прашува што за тебе е победа. За мене победа е кога ќе се избориме за повисоки плати. Кога Македонија ќе ги сруши границите и ќе биде дел од Европа. За мене победа е кога нема да има разлика во Австрија со стандардот. За мене победа е кога ќе се бориме за среќата на нашите деца. За мене победа е кога ќе има одговорност за 14 загубени животи, и кога заеднички ќе славиме за 14 спасени животи. За мене е победа кога криминалците ќе одговараат, а чесните ќе победуваат. За мане е победа силна и заедничка Македонија. Тоа го нудам. Нудам визија, работа и иднина. Македонија само така ќе успее. Зошто ние друга опција немаме. Станете народе, доаѓа времето на сериозни одлуки, повика Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.