Нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста за прогласување на вонредната состојба од претседателот Стево Пендаровски од 18 март, оценија уставните судии. Тие беа едногласни во ставот дека не може да се оценува нешто што не е во правна сила.

„Зошто да зборуваме за нешто што не е во правна сила. Вонредната состојба прогласена на 18 март веќе е помината, а иницијативата се однесува токму за таа одлука на претседателот Пендаровски“, рече судијата Владимир Стојановски, пренесува „СДК.мк“.
Судијата Осман Кадриу кажа дека одлуката на претседателот Пендаровски е строго уставна и строга државничка и нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста на оваа одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.