Oваа сезона на вакцинација против сезонски гриp првпат е овозможена бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во Центрите за јавно здравје. Ќе се опфатат здравствените работници кои пројавиле интерес за вакцинација од јавно-здравствените установи во државата, информира Министерството за здравство.
На овој начин, вакцината е подостапна за сите здравствени работници, како една од ризичните категории, чија заштита во услови на КОВИД-19 пандемија е многу значајна.
Во првата испорака до установите се обезбедија 2790 вакцини. Во најбрз рок ќе бидат испорачани и дополнителни количини поради големиот интерес помеѓу здравствените работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.