Иљире Даути е избрана за координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците.
Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на прес-конференција во Собранието информира дека продолжуваат со работа во Собранието како посебен политички субјект.
Ние сме изненадени од овој чекор на нашиот досегашен коалициски партнер – истакна Азири коментирајќи ја одлука на Алтернатива да се приклучи кон Владата.
Тој истакна дека во наредните денови претседателството на партијата ќе преземе став како ќе поставува околу коалцијата што ја имаат со Алтернатива на локално ниво.
Инаку, вчера пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи на својот фејсбук-профил објави дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на Алтернатива и Алијанса за Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.