Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се обрати до граѓаните со следното соопштение во врска со состојбата со корона вирусот:

Во ситуација на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1.000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид-19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу вас.

Нашата грижа за вашето здравје продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.