Некогашното Турско занаетчиско училиште наречено Исљахането во Битола, полно со историја и од голема знаменитост за градот – се продава.

Замислете наместо заштитен културно историски споменик битен за нашиот град , како една обична зграда се дава на продажба. Едни Офицерски за малце ќе го продадеја, кој е следен, Сатот?, коментираат од локалниот портал „Бабам Битола“.

Исљахането е голем и грандиозен историски објект кој е заштитен со закон. Училиштето подготвувало ученици кои биле занаетчии со занаети како кондураџискиот, терзискиот, дограмаџискиот и други. Со нив се задоволувале потребите на 30.000 војска која била сместена во старите Турски касарни. Истото почнало со работа во 1900 г. и било финансирано од државни средства каде учениците покрај теорија изведувале и практични часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.