Иако се прогнозираше дека вториот дел од капањата меѓу двата круга ќе започне со дрска офанизива на власта која во трката по гласовите на Блерим Река (79.920) ќе тргува со министерски места во владата, тоа не се случи.

Попарена од резултатот, власта ја свитка опашката, па наместо да се пазари, коленичи. Толку понизно, што уште во вториот ден по првиот изборен круг, станува мачно за гледање, дегутантно.

На трибината во Карпош вчера вечер, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев отворено рече дека им се потребни сите гласови на Блерим Река.

Истата порака денеска ја испрати и градоначалникот Петре Шилегов. Без ароганстноста која го „краси“, Шилегов најпонизно замоли да „не се казнува државата“ за грешките на владејачката партија?! Стево е државата, а владејачката партија не е?! Како стана Стево држава? Чиј е Пендаровски ако не е на СДСМ?

Шилегов рече дека ја примиле пораката од граѓаните и дека таа допрела до нив.

Процесот на утврдување на индивидуална одговорност е веќе започнат во СДСМ. Благодарност до граѓаните за оваа опомена што ни ја испратија, после изборите ќе се утврдува одговорност на секој поединец и на институциите што ги предводи. Ги повикувам граѓаните што помоасовно да излезат на претседатлските избори, а ако не се задоволни од владеењето на СДСМ, не треба да ја казниме нашата држава и да ја вратиме децени и децении назад.  – рече Шилегов.


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, пак, им порача на гласачите дека кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, ги заслужува нивните гласови. Тој не се согласува со констатацијата дека првиот круг е поразителен за СДСМ.

Не би рекол дека е лош резултатот. Најверојатно тоа е порака дека некои работи треба да ги забрзаме. Ваквите пораки сериозно се сфаќаат од наша страна. Во вториот круг нема логика да биде казнет Пендаровски, кој најавува дека ќе ја води државата напред – рече Богоев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.