Наместо да го посвети своето внимание и да работи на подобрување на состојбата со епидемијата на Ковид-19, поради која секојдневно умираат десетици луѓе, министерот за здравство Венко Филипче и неговите служби повеќе се грижат за тоа да документираат кој изразува протест против неговато справување со здравствената криза, обвини д-р Игор николов..

Ваквата реакција на д-р Николов доаѓа откако за време на протестот пред министерството за здравство против лошото справување со епидемијата, на околните прозорци имаше луѓе кои со фотоапарат сликаа и документираа кој се појавил на протестот.

Место да работи, пратил луѓе да сликаат.
Место 5% за здравствените работници, парите ги дава на пиарџиите…

Оди си човеку! – напиша д-р Николов.

Таквата постапка го отвора прашањето, дали на Филипче му е поважно да собира информации за тоа кој протестира против него наместо да работи на сузбивање на кризата или, пак, МВР и службите вршат следење на граѓаните кои се одлучуваат да го искористат бсвоето уставно право и јавно да изразат незадоволство од власта и нејзината политика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.