Повеќе од 650 кочански средношколци ќе следат онлајн-настава поради тоа што нивното електро-машинско училиште „Гошо Викентиев“ е целосно полавено, пренесе Сител.
– Настана оваа хаварија, се поплавија голем број кабинети, уништен е поголем дел од компјутерската опрема и училишниот инвентар на школото. Електричната енергија е исклучена на први и втори кат заради безбедност на зградата – изјави за Сител, Спирко Златков, в.д директор на училиштето.
Најпоплавен е вториот кат. Изминатите три дена, наставниците и останатиот персонал ја ваделе водата и се обидувале да спасат дел од опремата.
– Влагата се симна и проби и на другите катови. Значи, вода имаме и на првиот кат и на приземјето – додаде Златков
Видеото од поплавеното училиште погледнете го на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.