На нови 400 заразени денес и 4 починати, мерките кои се и така крајно конфузни и задоцнети, ги одложуваат до 16 август. Зошто? Заради прослава на ДУИ каде ќе се соберат 3000 луѓе во сала.
Можат да негираат колку сакаат дека тоа не е така, но нашава агонија продолжува, ние сме гробница со најголема смртност, само поради гол популизам на власта. Кај сме без доволно вакцини, кај власта сама прави антипропаганда за вакцините, кај болниците ни се од 17 век, кај нема јасни протоколи за лекување, најважно е забавата да продолжи. Поради коалиција и други евтини гласови. Се е поважно од животите на луѓето, јавното здравје и конечно економијата. Метеоров никако да стигне! Ма не врши работа ни метеор… – коментира Солза Грчева на фејсбук.
На 15 август е закажана прослава по повод годишнина од рамковниот договор, поради што, според претпоставките, новите ковид мерки започнуваат од 16 август токму поради прославата која е закажана ден претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.