Анализата на дистрибуцијата на потврдените случаи во земјава, според начинот на стекнување на болеста, покажува дека најголем дел од инфицираните се преку локален пренос на инфекцијата, а по отворање на границите има вкупно 414 „увезени“ случаи од странство, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Најголем број импортирани случаи во земјава се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија – 41, Косово – 24, Бугарија – 22, Турција – 20, Грција – 18 и Австрија – 15 случаи – соопшти Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.