Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација и Кралството Шпанија.
Како што соопшти МНР, во рамки на престојот во Берн, министерот Османи ќе се сретне со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021.
Досега се попишааа само 64 илјади македонски државјани што живеат во странство. Најмногу во Швајцарија со 16.000 ,следуваат Германија со десет илјади и Италија со шест илјади попишани иселеници. Најслаб е интересот во САД, Канада и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.