На трите одделенија кои се Ковид-центри на велешката Општа болница денеска има 80 хоспитализирани пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата во градот.
Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, на Инфективното има 55 пациенти колку што има и кревети со дополнување на капацитетот во ова оддление. На Интерно Б крак има 14 пациенти од 15 кревети со колку што располага и 11 пациенти се сместени на лекување во Одделението за физикална медицина, а кое располага со 25 кревети.
Од 80 те пациенти, 63 се потврдени позитивни,14 сомнителни и тројца негативни со еден тест, а еден пациент бил испишан со два последователни негативни теста.
На кислородна поддршка денеска се 28 пациенти најмногу досега од почетокот на пандемијата.
Во велешката болница изутрината почина уште еден пациент, маж на 69 годишна возраст од Велес примен во болницата пред два дена во потешка состојба со ниска сатурација на кислород позитивен на Ковид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.