Министерството за здравство информира за 23 нови починати пациенти како последица на Ковид-19, од кои во последните 24 часа се регистрирани 17 починати.

Најмладиот меѓу нив е 41-годишно лице од Делчево.

Четворица од починатите се од Куманово (62 г., 64 г., 78 г. и 93 г.), три починати лица се од Прилеп (73 г., 76 г. и 79 г.), по две починати лица се од Скопје (72 г. и 91 г.), Велес (76 г. и 80 г.) и Кавадарци (57 г. и 71 г.), а покрај Делчево, по еден починатпациент има од Битола (78 г.), Крива Паланка (79 г.) и Ресен (71 г.).

Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Меѓу нив, четири починати се од Скопје, а по еден се од Велес и Прилеп. Починатите лица се на возраст од 43 до 97-годишна возраст. Четворица од нив се починати во домашни услови, а двајца пациенти во болнички услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.