Најмалку 6 високи владини функционери се на различни начини инволвирани во скандалот со двајца уапсени дипломати од страна на Србија.
Информацијата за уапсени македонски дипломати која прва за објави експрес.мк пред неколку дена денеска ја дополни порталот мкд.мк.
Минатата недела на граничниот премин Прешево, на пат од Виена кон Македонија, полициската служба на Србија го задржала македонскиот дипломатски службеник Миле Миленковски (чие име го открија некои медиуми), кој од неодамна извршува дипломатска служба во македонската мисија на ОБСЕ во главниот град на Австрија.
Миленковски потоа бил префрлен во Врање, каде пред неколку дена пак, е приведен и македонскиот дипломатски службеник С.С., кој дошол да се интересира за својот колега.
Информациите ги потврдуваат повеќемина дипломати во македонското МНР кои велат дека станува збор за голем скандал, зад кој се тркала крими – приказна во која е инволвирана и Ерменија, а Интерпол води истрага, пишува во својот извештај мкд.мк
Како што дознава весникот КОХА од неофицијални извори, станува збор за меѓународна потерница издадена од австриската полиција, за стар прекршок што датира од 2018 година, а кој по секоја веројатност вклучува високи безбедносни структури на Македонија.
Датумот што го објавува Коха покажува дека во македонската влада за скандалот се знаело уште пред повеќе од 3 години со што се отвараат уште неколку прашања кои можат да доведат до директна или индиректна инволвираност на повеќе високи владини функционери кои имале можност да спречат срам за Македонија но од непознати причини не го сториле тоа.
Едно од отворените прашања се однесува на актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров кој беше шеф на дипломатијата во времето кога Интерпол ја информирал владата односно МНР и МВР за скандалот со македонските дипломати.
Според луѓе во МНР и во МВР Димитров тогаш морал веднаш да даде налог за поништување на дипломатските пасоши со кои е сторено кривично дело “помагање на бегалец од правдата” по кого е распишана меѓународна потерница?
Од непознати причини тогаш Димитров не го сторил тоа.
Во тој период државен секретар во МНР е кадарот на СДСМ Виктор Димовски сега е шеф на Агенцијата за национална безбедност.
Друго прашање кое е многу важно за сторителите но и за нивните шефови е уште колку други кривични дела имаат сторено тројцата дипломати со злоупотреба на дипломатските пасоши од 2018 до денес?
Според хиерархија вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров е највисоко на листата од најмалку 6 функционери кои можеле да спречат скандал, но тој не ги поништил ниту повел постапка за поништување на дипломатските пасоши на дипломати на МНР со кои е сторено најмалку едно кривично дело “помагање на бегалец од правдата” по кого е распишана меѓународна потерница?
Поранешниот технички премиер и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е вториот висок владин функционер кој има своја улога во скандалот со двајца уапсени македонски дипломати кои шверцувале ерменски државјанин со помош на македонски дипломатски пасоши.
Покрај вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој како шеф на дипломатијата не презел соодветни активности кога дознал за случајот своја вина што скандалот трае повеќе од три години има и министерот Спасовски.
Спасовски засега молчи за скандалот иако во 2018 година кога тој се случил исто како и Димитров добил формална информација дека македонски дипломати се гонат за кривично дело во странство.
Во јавноста засега нема информација дали Оливер Спасовски го известил Јавниот обвинител за стореното меѓународно кривично дело на двајцата дипломати од МНР?
Според законските претпоставки Спасовски имал службена должност да го извести Јавното обвинителство за кривичните дела за кои тој добил информации од Интерпол или од други пријателски полиции или тајни служби.
И за Спасовски исто како и во случајот со Димитров нејасно е зошто не е реагирано навреме за да се спречи скандалот кој и нанесува огромна штета на Македонија во меѓународни рамки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.