Меѓу 46-те жртви во пожарот кој го зафати автобусот на автопатот Стума во Бугарија, најмалку 20, а можеби и повеќе се од територијата на Општина Студеничани, каде денеска владее неизмерна тага и болка. Екипата на „Слободен печат“ го посети местото и разговараше со секретарот на општина Студеничани Бурханедин Нухиу.
Според неофицијални информации непотврдени од релевантни извори над 20 и повеќе лица од загинатите се од територијата на општина Студеничани. Жалосно, немаме зборови да ја опишеме оваа трагедија, без разлика што дел од жртвите се од Студеничани, вели Нухиу.
Тој потврди дека меѓу загинатите е учителка од Основното училиште Наим Фрашери заедно со својата малолетна ќерка, а Општината во несреќата го загуби и матичарот, вработен во Управата за водење матични книги при Подрачната единица на Министерството за правда, кој на екскурзија во Истанбул патувал со својата сопруга.
Дел од роднините на загинатите се упатија кон местото на несреќата во Бугарија, додека другите се пред просториите на агенцијата. Очекуваме информации од надлежните за целиот случај, изјави Нухиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.