Во шест општини од Струмичко-Радовишкиот регион до 17 часот најмала е излезноста во Ново Село каде од запишани 11.309 гласачи досега гласале 34,47 отсто, а најголема е излезноста во Конче каде од запишани 2.768 избирачи гласале 63,68 отсто.

Во Струмица излезноста е 40,80 отсто од 48.800 гласачи, Босилово 44,50 отсто од 12.327, Радовиш 42,81 отсто од 24.540 и во Василево 44,81 од 10.681 запишани избирачи.

Според информациите од општинските комисии изборниот ден досега поминува во мирна и демократска атмосфера, а единствено до ОИК Радовиш се поднесени три барања од граѓани за остварување на лично избирачко право.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.