Акциониот план освен што кажува дека имате намера да ловите вештерки, нема никакви детали или прецизности, барем обид да се биде внимателен кога се зборува за регулирање или контролирање на вести или информации. Лажни вести имало и ќе има, тие подобро се победуваат на ниво на свест, со добро работење, отколку со некакви владини тела кои ќе следат и ќе одлучуваат што е вистина, а што не, пишува поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.
Најголемите дезинформации излегуваат од влада која лошо комуницира, или која ги изневерила ветувањата за правда и праведност. Така да, вие не средивте многу поважни работи, правите самите утки во информирање, имате огромни скандали на глава, се покажавте колку сте објективни и транспарентни со еден рекетарски медиум, и на се тоа, гледате решение во лов на вештерки, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.