Од Центарот за управување со кризи информираат најголеми пожари во моментов се тие во Делчево и во Пехчево.
Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало 18 пожари во Скопје од кои 17 се целосно изгаснати.Останува пожарот во Сарај, кој се спуштил од Тетовскиот регион од Желино и движејќи се кон селата Раовиќ и Буковиќ зафатил добар простор од Јасен.
Пожарот во Охрид е целосно локализиран кај Косел и село Расино. Пожарот во Велес, населба Дорутовец е исто така локализиран, како и во селата Лозарци, Рожден и Мрежичко – информираше Стојановски.
Марија Милкова од ЦУК изјави дека има странска помош од земји кои донирале свои ресурси, човечки и материјални, во справувањето со пожарите кои беснеат во државата.
До овој момент странска помош е тимот од Србија, со четири хелокоптери кои први дојдоа на помош, тимот од Бугарија, со 25 пожарникари и шест специјализирани возила за гаснење на пожари, тимот од Словенија, со 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси, австрискиот тим составен од 140 лица, 16 специјализирани возила, медицински тим, амбулантно возило, 14 камиони, 9 приколки и друга дополнителна опрема за гаснење на пожари – информира Милкова.
Драги Тарчуговски од ЦУК истакна дека за да заврши кризната состојба, покрај координацијата на субјектите на системот за управување со кризи, на сите субјекти во државата, како и координацијата со меѓународните тимови, потребна е и поддршката од граѓаните.
Би апелирал до граѓаните, во наредните денови, кога се изразено високи температурите, да се воздржат од правење скари и палење огнови на отворено, а многу повеќе да внимаваат пушачите, особено при фрлањето на догорчињата, бидејќи најголем број од пожарите во историјата се од патот кон отворениот простор и кон шумите – истакна Тарчуговски.
Тој нагласи дека догорчињата се едни од главните причинители и ги замоли пушачите секоја цигара што ќе ја испушат, да ја изгаснат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.