Совршено е јасно што се случува! Тодоров го газеше снегот за Заев, за да денес Заев го објави мастер планот. Демек Мицкоски бил пречката ВМРО и СДС да се сакаат, а не тоа што Заев ја покраде државата, пишува пратеникот Бране Петрушевски на Фејсбук по денешното обраќање на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

На Тодоров му е криво што ВМРО-ДПМНЕ не мисли исто како Заев. Практично од денес па понатаму секој еден Македонец, но и член на ВМРО, треба Тодоров да го гледа како дел од екипата на Заев. Најголемата среќа за ВМРО, а најголемиот пораз за двоецот Заев – Тодоров е што Мицкоски е на чело на ВМРО. Дотаму дојде што за Тодоров не е спорно што Заев тргнал да бира лидер на ВМРО, туку што ВМРО не е ортак со Заев, како тој што е ортак и негов слуга. Обедување со криминалци нема, може само да има одговорност. А за Тодоров можам да кажам нема дно што не го проби. Тој е најдобриот СДС-овец на Заев. Уценет бетер од Боро Малборо. За јаничарите велеле нашите “пу јазк”!, пишува Петрушевски, кој воедно и го прашува Тодоров дали е вистина дека во приватни разговори кажувал дека и подобро што не е претседател на ВМРО-ДПМНЕ во тешки мигови за партијата, како промената на името, затоа што е уценет и затоа што ќе ја држеле партијата во заложништво.

Ако тогаш си бил уценет, и сега си! Но сега прифаќаш да бидеш кловн и да ја уништуваш ВМРО, завршува Петрушевски.

Совршено е јасно што се случува! Тодоров го газеше снегот за Заев, за да денес Заев го објави мастер планот. Демек…

Posted by Бране Петрушевски on Saturday, 6 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.