Најголема ноќна мора на СДСМ и ДУИ е коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА – А, во октомври паѓа дуото Заев – Ахмети. СДСМ не пропушта изјава или пресконференција, а да не го потенцира стравот од коалицијата која ќе ги порази во октомври. СДСМ знае дека губи од ВМРО-ДПМНЕ – АА – А. Кандидатите со кои ВМРО-ДПМНЕ истапува се нови луѓе, професионалци, и докажани во средините во кои работат – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека наспроти понудата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ предлага стари кадри кои смениле и по неколку функции, и нема што ново да им понудат на граѓаните

Што може Петре Шилегов и Горан Сугарески да понудат и направат. И двајцата имаа доволно време и можности да сработат нешто, но тие немаат ниту еден проект зад себе. На 17 октомври народот ќе го казни СДСМ за сите погрешни политики. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.