Да си припадник на Министерство за внатрешни работи преставува особена чест. Тоа можеби било во минатото. Како е сега и дали правилата и прописите важат!? Вака од Синдикат на полицијата во Македонија реагираат на неправдите кои континуирано им се нанесуваат на дел од полициските службеници.

Нивната реакција до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, насловена „НАЈДОБРОТО Министерство под палката на најдобриот Министер Спасовски НА КОЛЕНА“ ви ја пренесуваме во целост:

Со наш акт од месец март 2021 година писмено се обративме до министерот Оливер Спасовски, каде реагиравме на нанесените неправди нанесени врз работниците, кога на стотици работници незаконски им се продолжуваа писмените наредби повеќе од еден месец спротивно на член 154 од Законот за внатрешни работи.

Со одговор број година (читај одговор подготвен од „НЕ“ правната служба во МВР) добивме одговор дека нашите наводи се апсолутни неточни како и наводите кои се однесуваат на времетраењето на наредбите. Во тој акт е наведено дека писмените наредби може да траат „се додека има реална потреба и може да биде издадена нова наредба“. Министер е, си може, оти закон и прописи за него НЕ ВАЖАТ!

За наведеното кршење на прописите се обративме „фиктивно“ и до службата за која одамна постојат реални причини да не постои веќе- внатрешната контрола на МВР односно службата која согласно Законот за внатрешни работи врши внатрешна контрола во Министерството.

Добивме „очекуван“ одговор дека внатрешната контрола „НЕМА НАДЛЕЖНОСТ“ да ја испитува работата на министерот и ако работникот е оштетен да си ја бара правдата на суд. Колку БИЗАРЕН ОДГОВОР од службата која треба да го спроверува правото во МВР! ДНО…Зошто уште постоите!?
Но можеби сите заедно сметавте дека „крајот вака мириса“ ……..НО ЗА ЖАЛ ВЕ РАЗОЧАРАВМЕ ……..

Пред некој ден по претходно наша поднесена преставка до Државниот инспекторат за труд добивме одговор од 20.09.2021 година дека „Министерството постапило СПРОТИВНО на член 154 од ЗВР односно незаконски се продолжувале писмените наредби повеќе од еден месец. Но тука не завршува се, Државниот инспекторат за трут ГО ЗАДОЛЖУВА Министерството да ги достави сите издадени наредби за сите полициски службеници заради донесување на инспекциска мерка.

На Државниот инспекторат за труд МУ БЛАГОДАРИМЕ за неговото постапување согласно Закон.

А тебе почитуван и единствен и најдобар EVER министре што да ти кажеме после ова твое незаконско работење како од твоја така и од страна на твојот Помошник Министер за правни работи? Ќе има одговорност тоа ќе Ви кажеме и истата ќе ја побараме за брзо, за многу брзо….Не можеме да престасаме со Вашите глупости и незаконски работења кои ги правите како двојка.

Само ќе Ве прашаме како Ви е совеста после сите нанесени неправди стотици и стотици професионалци и неистомисленици кои во изминатиот период наместо како Министер да покажеш вистински резултати ти секојдневно си потпишувал незаконски решенија и незаконити наредби. Си прашал ли барем еднаш во твојот мандат како им е на тие полицајци, распоредени надвор од местата на живеење, малтретирани, надвор од нивните фамилии, надвор од нивните деца. Си се запрашал ли како им е секојдневно да ги изложуваш на непотребни трошоци и без никаква потреба да им земаш и по неколку часови во пат само заради лечење на твои или нечии интереси и ќеифи? Има многу за пишување нема на оваа тема да дојде крај…

Треба и да запрашаме……. Што конкретно тој таканаречен и самопрогласен „единствен репрезентативен синдикат“ во изминатиот период преземал или презема во врска со сите овие незаконски распоредувања и наредби или истиот постои за само преседникот да стои позади тебе кога се фалиш дека си офарбал некоја фасада на некој објект на МВР!?

РЕД, ПРАВДА, ДИСЦИПЛИНА! Што беше тоа наш EVER најдобар министре?

Што си ти министер за внатрешни работи што почитува закон или министер за реклама што освен реклави секој ден по 6 и повеќе друго на терен ништо не покажа…….

Затоа ќе ти кажеме : Време ти е ЗА РЕМОНТ КОМПЛЕТЕН на твојот кабинет затоа што тој кабинет Е ВИНОВЕН НАЈМНОГУ за состојбата во која се наоѓа денес Министерството….Почитуван.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.