За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затворот поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции. После ова се размислува и за оставка на министерот за правда. Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото. Срамно и жално и недозволиво. Како и за Мијалков и во овој случај велам дека мора да се издвојат овие луѓе и да се преземат посебни заштитни мерки – напиша на својот фејсбук профил Мирјана Најчевска, поранешен претседател на Хелсиншки комитет.
Нејзината реакција доаѓа откако денеска во исртажното одделение на затворот Скопје беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски од страна на лица кои се теретат за случајот Диво Насеље.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.