По пет години владеење да се повикуваш на гревовите на претходникот е несериозно. Не ми е гајле колку стана имал Груевски, напиша на својот Фејзбук профил професорката Мирјана Најчевска.

Гајле ми е дека:

 

– е надвор од државата со парите украдени од граѓаните.

 

– никој не одговараше затоа што побегна.

 

– не е вратен ниту денар од украдените пари.

 

– уште има вработени кои примаат плата а не работат.

 

– уште долговите за вода не застаруваат, а крадењето на функционерите застарува.

 

– уште стојат сите монструозни градби од Скопје 2014.

 

– уште сме најзагадена држава во Европа и пошироко.

 

– уште сме најнеписмени.

 

– уште произведуваме струја од јаглен.

 

И гајле ми е дека сме единствена држава во која не е вакциниран ниту еден промил од граѓаните – пишува Најчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.