Објавувањето на Законот за употреба на јазиците воопшто не значи дека тој може веднаш да се примени во пракса. Пред да почнат да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението, пишува професорката Мирјана Најчевска за вчерашното официјализирање на важноста на Законот за употребата на јазиците.
Процедурата за донесување на Законот е соодветна, што воопшто не го прави помалку несоодветен самиот закон… И ете – Законот е изгласан. И во него стои определбата: „јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“. Во моментот кога во закон ќе бидат ставени бројки, тие мора и да се почитуваат. За да се почитуваат мора да се знае точно дали е навистина достигнат бараниот процент. За да се знае дали е навистина достигнат бараниот процент мора да се знае колкаво е точно населението во Република Македонија и дали има етничка/јазична заедница која го исполнува бараниот услов, пишува Најчевска.
Најческа потсетува дека ова не може да се базира на претпоставки (бидејќи е суштински елемент на Законот), туку мора да се измери. Професорката додава дека со оглед на тоа дека во Македонија не е направен попис од 2002 година, во моментов нема релевантни податоци за тоа дали некоја од јазичните малцински заедници го исполнува условот предвиден во Законот.
Тоа значи дека Законот не смее да се употребува се додека не биде направен попис. Така е тоа кога во закон ќе ставиш прецизни бројки. Мораш до нив и да се држиш. Сѐ друго ќе биде политички волунтаризам и спротивно на одредбите на Законот, пишува Најчевска на својот „Фејсбук“ профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.