Во интервју за „Фајненшл Тајмс“, новоизбраниот премиер на Бугарија Кирил Петков вели дека ќе отпочне нов процес со Македонија, во траење од шест месеци, по што се очекува дека бугарското вето за Македонија ќе се тргне. Но, Петков не вели од што точно Македонија ќе мора да се откаже за возврат.
Ќе предложам нов процес. Многу брз, со ограничена временска рамка од само шест месеци, Петков изјавил за „Фајненшл Тајмс“. Според весникот, ова е сигнал на Петков дека блокадата за македонските преговори со ЕУ ќе се крене.
Но, во претходна изјава за „Шпигел“, Петков рече дека Бугарија ќе бара создавање на повеќе работни групи како што е заедничката комисија за историја, кои ќе работат на низа прашања.
Како и претходните влади, и Петков воедно најави дека ќе бара измени во македонските историски учебници, особено во делот за Втората светска војна.
Во учебниците се тврди дека Бугарите се фашисти, изјави Петков, и дека тоа мора да се смени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.