На премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска во Минхен ќе им биде врачена наградата „Евалд Фон Клајст“. Планирано е врачувањето на наградата да биде на посебна церемонијална вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Баварија, Флориан Херман.
Двајцата премиери во рамки на Минхенската безбедносна конференција ќе се обратат на заедничка панел дискусија за Република Македонија и Република Грција.
Премиерот Заев во Минхен престојува заедно со владина делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Џевад Адеми. Владината делегација ќе учествува на повеќе настани што се одржуваат во рамки на конференцијата, а планирано е да реализира и повеќе билатерални средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.