Владата работи по највисоките професионални правни, етички и законски постапки и нема да дозволиме нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност. Затоа веќе упативме повик и ги охрабруваме надлежните интитуции да ги спроведат сите постапки и да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила, станадрди или е нарушен принципот на избегнување конфликт на интерес.
Ова денеска на прес-конференција го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со поранешниот генерален секреатр на Владата Драги Рашковски.
Информации поврзани со набавката Владата веќе сподели неколку пати. Документацијата ќе биде доставена до надлежните институции кои го проверуваат овој случај, рече Арсовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.