Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис. На над 300 пунктови во државата граѓаните масовно излегоа и без страв го кажаа својот став. Граѓаните му ја упатија пораката на Заев, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис. Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки. Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири. Пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.

Од партијата велат дека Заев има можност да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и да организира електронски попис.

Само така ќе се добие реална слика за бројот на населението, густината, верската, етничката и друг вид на припадност. Со спроведување на електронски попис државата ќе има јасни податоци врз основа на кои ќе може да се прават среднорочни и долгорочни стратегии. Заев веднаш да се откаже од фалсификат попис. Народот ја испрати пораката, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.